Дома Фудбал УЕФА се огласи поради инцидентот со Винисиус во Лисабон

УЕФА се огласи поради инцидентот со Винисиус во Лисабон

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Бенфика на гостински терен со 1:0 во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, а натпреварот беше обележан од сериозен инцидент на теренот во кој главните актери беа Ѓанлука Престијани и Винисиус Жуниор.

Во 50-та минута, Винисиус со мајсторски удар од работ на шеснаесетникот ја погоди мрежата и им донесе предност на мадридистите. При прославата ги провоцираше домашните навивачи, па веднаш доби жолт картон, а потоа влезе и во конфликт со фудбалерите на Бенфика.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Раководството на Европската куќа на фудбалот издаде соопштение, но остана воздржано од коментари.

„Официјалните извештаи од натпреварите кои се одиграа вчера вечер се во процес на анализа. Сите детали кои се пријавени и кои би можеле да доведат до дисциплински санкции ќе бидат објавени на официјалната страница. Немаме дополнителни информации за јавноста ниту имаме натамошни коментари во оваа фаза на истрагата”, се вели во соопштението на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на Севиља ја доби најголемата суспензија во историјата на Ла Лига!

Тренерот на Севиља, Матиас Алмеида, доби суспензија од седум натпревари и нема да може да …