Дома Фудбал УЕФА не простува: Атлетико Мадрид заработи казна!

УЕФА не простува: Атлетико Мадрид заработи казна!

Следниот настап на Атлетико во елитната лига на европскиот фудбал ќе биде на 10 декември, на гостувањето кај ПСВ Ајндховен во Холандија.

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Атлетико Мадрид со вкупно 40.000 евра и им изрече условна казна забрана за патување на навивачите на еден гостински натпревар заради однесувањето на навивачите за време на поразот со 0-4 од Арсенал во Лигата на шампионите.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Атлетико е казнет со 30.000 евра бидејќи дел од нивните навивачи имале „расистичко и дискриминирачко” однесување, додека уште 10.000 евра се додадени поради фрлање предмети од страна на навивачите на стадионот Емирејтс.

Забраната за продажба на билети за гостувачки натпревари е суспендирана на условен период од една година, се додава во соопштението.

По пет одиграни кола, мадридскиот клуб ја зазема 12-тата позиција на табелата во Лигата на шампионите, со девет бодови, шест помалку од водечкиот Арсенал.

Следниот нивен настап во елитната европска конкуренција е закажан за 10 декември, кога ќе гостуваат кај ПСВ Ајндховен во Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Реал информирале Ливерпул дека го прекинуваат интересот за Конате

Раководството на Реал Мадрид официјално ги информирало своите колеги во Ливерпул дека го п…