Дома Фудбал Уапсен 19-годишен за смртни закани кон Алваро Мората

Уапсен 19-годишен за смртни закани кон Алваро Мората

Шпанската полиција уапсила 19-годишно момче од Малага по сомнение за упатување на смртни закани кон шпанскиот репрезентативец Алваро Мората и неговото семејство.

Весниците „АС“ и „Ла Вангуардија“ напишаа дека заканите биле испратени преку личниот профил на осомничениот на социјална медиумска платформа. Ова се случило откако капитенот на „Ла Роха“ Мората пропушти клучен пенал во финалето на Лигата на нации против Португалија во Минхен порано во јуни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Осомничениот се обидел да се оправда, поднесувајќи полициски извештај во кој тврди дека непознати лица му го „украле“ профилот на социјалните мрежи. Прегледот и анализата на информациите на мобилниот телефон на момчето покажале дека токму тој е авторот на заканите.

32-годишниот Алваро Мората, кој е во сопственост на италијански Милан, размислува за повлекување од репрезентацијата на Шпанија уште ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси ќе добие понуда каква што ретко се гледа во светот на фудбалот

Аргентинската ѕвезда, 38-годишниот Лионел Меси, неодамна потпиша договор со Интер од Мајам…