Познатиот новинар Флоријан Плетенберг објави дека Томас Тухел разговарал со Роналд Араухо со цел да го убеди да се пресели во Баерн Минхен.
На дефанзивецот му било кажано дека ќе биде важен дел од тимот и нема да штедат пари за негов ангажман.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во изминатите години Баерн потроши многу пари на засилувања во одбраната, но во последната линија работите не им функционираат како што треба, па сега се во потрага по засилување.
Според Плетенберг Тухел разговарал со Уругваецот и му ставил до знаење дека сака да биде дел од неговиот тим. Наводно, Тухел по можност сака да го доведе уште во јануари или најдоцна следното лето.
Најавите се дека Баерн е подготвен да плати голема сума на пари, сепак тешко ќе биде да се убеди Барселона да се откаже од еден од своите најважни фудбалери.