Дома Топ вести Tрагедија во Германија: На само 25 години почина поранешен репрезентативец

Tрагедија во Германија: На само 25 години почина поранешен репрезентативец

Тажна вест ни пристигнува од Германија, фудбалерот на Регенсбург, Агјуеманг Диавусие ненадејно починал на само 25 години.

Според информациите на германските медиуми тој починал од природна смрт, а клубот замоли да се почитува неговата приватност.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Станува збор за фудбалер кој играше како десно крило и во минатото настапуваше за Риед, Динамо Дрезден, Инглоштад и Лајпциг. Младинските категории ги помина во Нирнберг, своевремено беше член и на германската репрезентација до 19 години.

„Добивме страшна вест, почина нашиот фудбалер Агјумеанг Диавусие на 25 годишна возраст. Клубот е шокиран и длабоко погоден од оваа трагедија. Сите во клубот испраќаме сочувство до неговите најблиски и пријателите. Поради почит кон неговото семејство ве замолуваме да ја почитуваме нивната приватност“, објави германскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Давид Алаба од лето ќе има нов клуб!

Австрискиот дефанзивец Давид Алаба ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезон…