Дома Фудбал Турчинот го напушта Реал Мадрид: Позната новата дестинација за Ѓулер

Турчинот го напушта Реал Мадрид: Позната новата дестинација за Ѓулер

Веќе некое време се зборува за тоа како Арда Гулер сака да го напушти Реал Мадрид за да добие повеќе минути на теренот, а изгледа дека желбата ќе му се исполни.

Арда Гулер е еден од најталентираните млади играчи на денешницата и не е изненадување што сака да поминува повеќе време на теренот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Поради огромната конкуренција во Реал Мадрид, Турчинот добива мала минутажа и веќе некое време се зборува за неговото заминување.

Во години во каква што е Гулер (пред неколку дена наполни 20), минутажата е навистина важна за развојот на играчот.

Сепак, до сега немавме конкретно име на неговиот следен клуб, а токму тоа сега го објави германскиот „Ски Спорт“.

Германскиот медиум пренесува дека Ајнтрахт Франкфурт е најмногу заинтересиран за услугите на Гулер и дека внимателно го следи.

Покрај Ајнтрахт, се споменува и Лајпциг, но нивниот интерес не е толку голем како кај клубот од Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aргентина ќе биде прогласена за победник на откажаната Финалисима?

Претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез, ја прогласи Аргентина за „двократен победни…