Дома Фудбал Трката на гигантите може да започне: Лајпциг ја одредил цената за Чави Симонс?

Трката на гигантите може да започне: Лајпциг ја одредил цената за Чави Симонс?

Играчот од средината на теренот, Чави Симонс, е подготвен да го напушти РБ Лајпциг, а германскиот клуб е подготвен за преговори.

Новинарот Флоријан Плетенберг денеска откри дека РБ Лајпциг бара 80 милиони евра за неговото заминување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лајпциг го доведе Чави Симонс од Пари Сен Жермен за 50 милиони евра зимоска и очекува добра заработка, од најмалку 30 милиони евра.

Симонс дојде во Лајпциг летото 2023 година на позајмица, а потоа не сакаше да се врати во Париз, па ПСЖ го продаде на Германците во јануари.

Тој е дете на Барселона, но уште како тинејџер во 2019 година замина слободен во ПСЖ.

Минатото лето се поврзуваше со Бајерн Минхен, а се спомнуваа и одредени тимови од Премиер лигата.

Симонс може да игра на неколку позиции во нападот и средината на теренот, па останува да видиме кој ќе плати 80 милиони евра за неговиот потпис…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…