Дома Фудбал Англија Toтенхем објави: Конте оди на операција

Toтенхем објави: Конте оди на операција

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте ќе биде подложен на операција за отстранување на жолчното кесе во среда, потврдија од клубот.

„Антонио Конте веќе некое време има акутни стомачни болки. Откако му беше констатирано воспаление на жолчното кесе, денеска ќе биде опериран.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој ќе се врати на своите обврски во клубот по закрепнувањето“, се вели во соопштението на Тотенхем.

Не е прецизирано колку долго ќе трае опоравувањето и кога Конте би можел да се врати на работа.

„Петлите“ во овој момент се петти на табелата и во недела ги очекува дербито против Манчестер Сити во кое ако Конте не се врати ќе ги води неговиот помошник Кристијан Стелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола не трпи порази: Манчестер сити ќе ангажира брутални засилувања

Манчестер Сити ја игра својата најслаба сезона откако Пеп Гвардиола стана менаџер на тимот…