На прес-конференцијата по одигрувањето на средбата со Русија, говореше селекторот Александар Тодоров
Како најава за пресот, Тодоров го потенцираше оној психолошки момент присутен во тимот откако имале прилика да ја видат играта и резултатот на првиот денешен меч во „балонот“ во Перм, во кој Естонија ја изненади Италија и се приближи до пласман на ЕП.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
А нашата селекција, по овој втор пораз, ја стави во една императивна форма. Да победи на наредните два, прво во недела против Италија, а ден подоцна, и против Естонија.
„Тешко беше да се сконцентрираме и психолошки да се подготвиме, не толку во однос на нашиот противник, колку што нè изненади првиот меч од денешната програма, меѓу Естонија и Италија. Мислевме дека одлучувачки ќе биде нашиот дуел со Естонија, но додека се подготвувавме во соблекувалната, ја дознавме лошата вест, дека ќе ни требаат две победи за да се пласираме на Европското првенство.
Втор важен момент беа скоковите, а трет повредата на Дамјан Стојановски поради што моравме да ротираме тројца кошаркари на таа позиција во преостанатите 36 минути.
Противникот имаше 24 скока повеќе од нас, 17 само во првото полувреме кога ја оствари клучната разлика.
Без оглед на сè, мораме да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму. Ни претстои слободен ден, а потоа два натпревари во два дена кои ќе одлучат.
Играме за нашата земја и тоа е најголема мотивација што може да ја добиеме. За жал, лошо ги почнавме овие квалификации (против Естонија во Скопје н.з.) и сега поради еден лош натпревар го губиме целиот циклус“ – изјави Тодоров.