Дома Фудбал Тотенхем нуди најголема плата во клубот за ѕвездата од Премиер лигата!

Тотенхем нуди најголема плата во клубот за ѕвездата од Премиер лигата!

Еден од фудбалерите на кои ќе биде ставен фокусот во јануари е Антоан Семењо, фудбалер кој моментално е член на Бурнемот. Игра одлично и се чини дека е само прашање кога и каде би можел да ја продолжи својата кариера, односно дали ќе го направи тоа во јануари или летово. 

Големите тимови од Премиер лигата одамна редовно ги следат натпреварите на овој крилен фудбалер од Гана, а досега најмногу се зборуваше за Манчестер Сити и Ливерпул како клубови кои го посакуваат. 

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Но, вклучи се уште еден и го бара по секоја цена. 

Тотенхем е подготвен да ја разбие касичката и да плати 65 милиони фунти, колку што изнесува откупната клаузула, а не само тоа, тие сакаат да му понудат на Семењо договор каков што ретко кој има во Премиер лигата. 

Тој би бил еден од најплатените во клубот, бидејќи има голема желба клубот да се подигне на натпреварувачко ниво, имајќи предвид дека нема сериозни успеси во Премиер лигата од заминувањето на Хари Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни откри дека добивал смртни закани по трансферот во Јунајтед

Поранешниот напаѓач на англиската фудбалска репрезентација Вејн Руни откри дека добивал за…