Дома Фудбал Тотенхем доби предлог: Со Влаховиќ би ги решиле сите проблеми!

Тотенхем доби предлог: Со Влаховиќ би ги решиле сите проблеми!

Лондонскиот клуб засега не беше многу споменуван како заинтересирана страна за Душан Влаховиќ.

Со Доминик Соланке на списокот, Тотенхем има напаѓач, но неговата ефикасност е непостојана, а Томас Франк бара повеќе од својот тим.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Кит Венс, кој претходно го водеше Абердин, Евертон и Астон Вила, во подкастот “Football Insider” изнесе интересни детали за можна зделка со Влаховиќ.

“На Тотенхем сè уште му е потребен вистински, искусен напаѓач. Влаховиќ би можел да биде решението за овие проблеми. Верувам дека би се вклопил одлично во тимот. Иако времето е кратко, трансферот може да се случи во јануари. Наводно, и тој самиот е заинтересиран за Тотенхем,” изјави Венс.

Одреден период се шпекулира за трансфер на Влаховиќ, а меѓу заинтересираните клубови се споменуваат Барселона, Баерн, Манчестер Јунајтед и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона доби пенал против Атлетико. Погледнете го неуспешниот шут на Левандовски

Во дербито од 19. коло на шпанската Ла Лига, Барселона и Атлетико Мадрид го одмерија силит…