Капитенот на репрезентацијата на Македонија Горан Пандев ќе ја предводи нашата селекција на претстојното Европското првенство. Прв наш противник во Букурешт ќе биде Австрија со која ќе играме на 13. јуни, а сега Пандев имаше интервју за австриски „Кроне“. Во краткото интервју Пандев порача дека посакува на Македонија да се гледа како аутсајдер, а потоа ние да покажеме вистински фудбал. …
