Дома Фудбал Топ 30 трансфери: Дуран најскап, никој како Сити и Порто

Топ 30 трансфери: Дуран најскап, никој како Сити и Порто

Зимскиот трансфер период заврши во најсилните европски и други светски лиги. Најскапиот трансфер го направија Саудијците, најмногу потроши Манчестер Сити, а најомилен Порто.

Најголемиот трансфер го направи Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија, за кој веќе одамна играат светските ѕвезди Кристијано Роналдо и Садио Мане, кој го донесе младиот Колумбиец Џон Дуран од Астон Вила за 77 милиони евра.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Меѓу осумте најскапи трансфери оваа зима дури четири ги направи Манчестер Сити, кој ги донесе Египќанецот Омар Мармуш (75 милиони евра), Аргентинецот Нико Гонзалес (60), Узбекистанецот Абдукодир Хусанов (40) и Бразилецот Витор Реис (37).

Највеќе заработи Порто, вкупно 110 милиони евра. Го продаде на Сити споменатиот Нико Гонзалес за 60, како и Бразилецот Галено на тимот Ал Ахли за 50 милиони евра.

Топ 30 трансфери во зимскиот трансфер период

01. Џон Дуран (Астон Вила – Ал Наср) 77 милиони €

02. Омар Мармуш (Ајнтрахт Ф. – Манчестер Сити) 75 милиони €

03. Хвича Кварачелија (Наполи – ПСЖ) 70 милиони €

04. Нико Гонзалес (Порто – Манчестер Сити) 60 милиони €

05. Ќави Симонс (ПСЖ – РБ Лајпциг) 50 милиони €

06. Галено (Порто – Ал Ахли) 50 милиони €

07. Абдукодир Хусанов (Ланс – Манчестер Сити) 40 милиони €

08. Витор Реис (Палмеирас – Манчестер Сити) 37 милиони €

09. Луиз Енрике (Ботафого – Зенит) 33 милиони €

10. Сантјаго Хименез (Фејенорд – AЦ Милан) 32 милиони €

11. Патрик Доргу (Лече – Манчестер Јунајтед) 30 милиони €

12. Ели Вај (Олимпик Марсеј – Ајнтрахт Франкфурт) 26 милиони €

13. Донјел Мален (Борусија Дортмунд – Астон Вила) 25 милиони €

14. Стефанос Цимас (Нурнберг – Брајтон) 25 милиони €

15. Џејден Филоген (Астон Вила – Ипсвич Таун) 23 милиони €

16. Секо Фофана (Ал Наср – Рен) 20 милиони евра

17. Емануел Агбаду (Ремс – Вулверхемптон) 20 милиони €

18. Клаудинјо (Зенит – Ал Сад) 20 милиони евра

19. Амин Гуире (Рен – Олимпик Марсеј) 19 милиони €

20. Стефанос Цимас (ПАОК – Нурнберг) 18 милиони €

21. Паулињо (Атлетико Минеро – Палмеирас) 18 милиони €

22. Маршал Мунетси (Ремс – Вулверхемптон) 18 милиони €

23. Антонин Кински (Славија П. – Тотенхем) 16.5 милиони €

24. Кевин Денкеј (Серкл Бриж – Синсинати) 15.3 милиони €

25. Максенс Какуе (Олимпик Лион – Комо) 15 милиони €

26. Кристијан Медина (Бока Ј. – Естудијантес) 14.6 милиони €

27. Роман Есе (Милвол – Кристал Палас) 14.2 милиони €

28. Андреас Сков Олсен (Клуб Бриж – Волфсбург) 14 милиони €

29. Брис Самба (Ланс – Рен) 14 милиони €

30. Алберто Коста (Виторија – Јувентус) 13.8 милиони €

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси сепак се пофали и со влезен зимски трансфер

Челси официјално го објави трансферот на 19-годишниот играч од среден ред Матис Амугу, кој…