Дома Фудбал Тонали поминувал низ пекол: Сите ме избегнуваа, шест месеци не користев телефон

Тонали поминувал низ пекол: Сите ме избегнуваа, шест месеци не користев телефон

Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали, помина низ вистинска агонија бидејќи на почетокот на својот мандат на „Сент Џејмс Парк“ беше суспендиран поради нелегално обложување, што беше повод да во големо интервју за италијанскиот весник „Република“ ги опише најтешките моменти во својот живот.

Тонали пристигна од Милан во Њукасл летото 2023 година како еден од најдобрите средни фудбалери на денешницата, но по само неколку натпревари за „чавките“ доживеа пад во кариерата.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


„Мојот начин на живот беше негативен. Бев изолиран од сите и тоа го промени моето однесување. Дури и од луѓето кон кои чувствувам взаемна љубов. Тоа го чувствував на тренинзите и дома, било да се работи за пријатели или семејство. Сега, за среќа, сѐ е поинаку“, кажа Тонали во интервјуото за споменатиот италијански весник.

Средниот фудбалер на Њукасл откри дека обложувањето му станало навика уште од тинејџерските години, кога бил на прагот на полнолетството.

„Со тек на време почна да ми одзема сѐ повеќе време. Фактот дека го правев онлајн, ме оддели од остатокот од светот. Се повлеков во себе“, призна Тонали.

Италијанскиот фудбалер додаде дека долго немал чувство дека страда од зависност, а потоа објасни како изгледале првите месеци од суспензијата.

„Во првите два месеци бев одделен од сите, а потоа, враќајќи се во ритам, тренирајќи секој ден, сфатив дека ја плаќам цената за тоа што го направив“, изјави тој, а потоа премина на приказната за тоа како се откажал од мобилниот телефон.

„Не го користев шест месеци од изминатата година. Се разбира, се чувствував слободно, впечатокот дека си спокоен дури и без него“, кажа Тонали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд го сруши Тотенхем, Јунајтед едвај против Ипсвич

Манчестер Сити се избори за победа на гости против Тотенхем, додека Јунајтед едвај го совл…