Дома Фудбал Токсична атмосфера во клубот поради Исак

Токсична атмосфера во клубот поради Исак

Кит Дауни, новинар на Скај Спорт, пишува за односот на напаѓачот Александер Исак и Њукасл. Да потсетиме, овој извонреден напаѓач летово беше на мета на Ливерпул, но трансферот не се оствари.

“Ситуацијата станува се повеќе токсична, што не е во интерес на Њукасл пред почетокот на новата сезона. Тренерот Еди Хау изјави дека не очекува промени до мечот на Вила Парк кој следи викендов.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Не верувам дека ќе видиме ништо специјално во врска со ова прашање додека не заврши трансфер периодот. Ливерпул испрати понуда која беше веднаш одбиена, а Њукасл ќе го ослободи Исак само ако добијат понуда која не можат да ја одбијат – и тоа само ако најдат соодветна замена.

Изгледа дека опциите на Њукасл се многу ограничени откако пропуштија да го доведат Бенџамин Шешко, па мислам дека е сѐ поизгледно Исак да остане во клубот ова лето. Ќе биде неопходно да се поправат многу нарушени односи, бидејќи навивачите на Њукасл не се задоволни од однесувањето на Исак во последните неколку недели”, изјави Дауни.

Да се потсетиме, Ливерпул нудеше 140 милиони евра, што би бил најголем трансфер летово и четврти најголем во историјата. Меѓутоа, Њукасл одлучи дека нема да го пушти. Исак минатата сезона за Њукасл постигна 23 гола во 34 настапи во Премиер лигата, а забележа и шест асистенции. Вкупно има 62 гола и 11 асистенции во 109 натпревари за Њукасл, кој го доведе во 2022 година од Реал Сосиедад за 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија сака изненадување во Баку, Карабах може да се победи!

Фудбалерите на Шкендија вечерва во Баку ќе го одиграат реваншот од третото квалификациско …