Дома Фудбал Тоа е тоа, враќање нема! Престијани призна што му кажал на Винисиус!

Тоа е тоа, враќање нема! Престијани призна што му кажал на Винисиус!

Бенфика очекуваше дека синоќа ќе има на располагање Престијани, но тоа не се случи.

Иако допатува во Мадрид со остатокот од тимот, Престијани неколку часа пред натпреварот дозна дека УЕФА остана на своето.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Така Аргентинецот синоќа беше суспендиран, но вистинската казна уште го чека.

Имено, Винисиус го обвини Престијани дека во натпреварот одигран во Португалија го нарекол “мајмун”.

Сега новинарите од португалскиот смјорнал ги донесоа деталите за сè што се случи.

Според пишувањата на нив Престијани му признал на остатокот од тимот дека го нарекол Винисиус Жуниор “мајмун”.

“Престијани му признал на остатокот од тимот на Бенфика дека го нарекол Винисиус “мајмун”. Аргентинецот имал неколку причини поради кои не е расист и сите ги навел.”

Освен тоа, кажа дека сето тоа нема врска со расизмот, туку дека имал други причини зошто го упатил овој збор на Винисиус.

Од Реал Мадрид ги испратија сите достапни докази на УЕФА како дел од истрагата.

Напаѓачот на Реал Килиан Мбапе јасно кажа дека пет пати слушнал Престијани како расно го навредува Винисиус.

Тренерот на Реал Алваро Арбелоа на прес-конференција во петокот го повика Престијани да се соочи со казната.

Престијани и синоќа беше лут по одлуката на УЕФА и им испрати порака преку социјалните мрежи, која наскоро ја избриша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е фаворит на мароканската федерација

Поранешниот славен фудбалер и потоа старши тренер на Барселона, Чави Ернандес, може да ста…