Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте ќе биде подложен на операција за отстранување на жолчното кесе во среда, потврдија од клубот.
„Антонио Конте веќе некое време има акутни стомачни болки. Откако му беше констатирано воспаление на жолчното кесе, денеска ќе биде опериран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој ќе се врати на своите обврски во клубот по закрепнувањето“, се вели во соопштението на Тотенхем.
Не е прецизирано колку долго ќе трае опоравувањето и кога Конте би можел да се врати на работа.
„Петлите“ во овој момент се петти на табелата и во недела ги очекува дербито против Манчестер Сити во кое ако Конте не се врати ќе ги води неговиот помошник Кристијан Стелини.