Дома Тикет на денот Тикет на денот (вторник, 01.04.2025)

Тикет на денот (вторник, 01.04.2025)

Денес имаме одлична понуда. Се игра во Англија вонредно коло, а тука се и завршниците од некои купови во други земји. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Арсенал – Фулам – ГГ @ 2.30 во Mozzart

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал немал толку голема пауза од самиот почеток на сезоната. Топџиите последен пат на терен излегоа на 16-ти март каде што во лондонското дерби го победија тимот на Челзи со минимален резултат. На гости им доаѓа Фулам, тимот кој не бележи некои посебни резултати, а во саботата беа поразени во ¼ финалето од ФА купот. Во првиот дел од сезоната резултатот помеѓу овие два ривали беше 1:1, па овде како најлогичен тип ни е двата тима да постигнат гол, а коефициентот за тоа во Mozzart изнесува 2.30.

Билефелд – Леверкузен – ГГ @ 2.10 во 22Bet

На Фармацевтите им остана шанса за успех уште домашниот ДФБ куп оваа сезона. Сепак ова не е разочарувачки податок бидејќи малку кој очекуваше дека тие ќе ја повторат ланската сезона кога освоија двојна круна, а скоро цела сезона ја поминаа без пораз. За противник овој пат во купот го имаат Билефелд, тимот кој се бори за првите две места од третата лига и се бори за да се врати во втората германската лига. Иако Леверкузен е фаворит, многу често во куповите имаме изненадувања, па затоа типуваме ГГ со квота 2.10 во 22Bet.

Ивердон – Лугано – 1Х&2+ @ 2.40 во Bet365

Домаќините се во одлична серија резултати и очекуваме да направат голем чекор кон опстанокот во елитата. Во последните шест кола имаат три победи и само по едно реми и еден пораз. Стигнаа до 32 бода, а од последнопласираниот Винтертур имаат 12 повеќе. Лугано беа добри во Европа, но доста лоши во домашното првенство, барем во однос на претходната сезона. Актуелниот вицешампион на Швајцарија е на 5-то место и се уште немаат обезбедено место во плеј oф. Овде очекуваме домаќините да останат непоразени, а наш предлог тип е 1Х&2+ со квота 2.40 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 11.59

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 01.04.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (вторник, 23.06.2026)

Покрај натпреварите од Мундијалот денес ќе се игра во Финска и во Грузија. Понудата за ово…