Дома Тикет на денот Тикет на денот (среда, 02.04.2025)

Тикет на денот (среда, 02.04.2025)

Иако денес немаме европски купови, сепак понудата е одлична и немавме проблеми при избор на натпревари за тикет на денот.

Брајтон – Астон Вила – ГГ3+ @ 1.75 во Mozzart

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата тима имаат надеж дека можат да стигнат до Лигата на шампиони. Моментално Брајтон е два бода поблиску до таа цел, а добра вест е тоа што пет екипи од Премиер лигата ќе патуваат во европската елита. Минатиот викенд овие тимови не одмараа туку играа натпревари  од ¼ финалето на ФА Купот. Брајтон беше поразен од Нотингем Форест, додека Астон Вила имаше многу лесно гостување кај Престон. Без многу дилеми овде типуваме ГГ3+ со квота 1.75 во Mozzart.

Штутгарт – Лајпциг – Х2 @ 1.80 во 22Bet

Никој не очекуваше дека Швабите ќе ја повторат претходната сезона каде што завршија на втората позиција, но исто така не веруваа дека на 7 кола до крајот ќе бидат на 11-то место. И покрај серијата од шест натпревари без победа, поточно четири порази и две реми, во Штутгарт не размислуваат за промена на Себастијан Хенес. Лајпциг пак искрено разочараа оваа сезона и од нив очекувавме многу повеќе како во Лигата на шампиони, така и во домашната Бундеслига. Овде очекуваме Биковите да останат непоразени и типуваме Х2 со квота 1.80 во 22Bet.

Австрија – Хартберг – 1&2+ @ 1.92 во Bet365

Австрија е на врвот на табелата во домашното првенство и титулата им е главна цел за оваа сезона, но искрено имаат и сериозна конкуренција. До трофејот во Купот можат да стигнат многу полесно бидејќи во ½ финалето противник им е Хартберг. Гостите пак играат во плеј аут и тие започнаа со пораз од Клагенфирт на домашен терен. Во последните пет меѓусебни натпревари, Австрија победи 4 пати, а еднаш беше и нерешено. Домаќините се фаворити и ние типуваме 1&2+ со квота 1.92 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.05

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 02.04.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (вторник, 23.06.2026)

Покрај натпреварите од Мундијалот денес ќе се игра во Финска и во Грузија. Понудата за ово…