Дома Тикет на денот Тикет на денот (понеделник, 05.05.2025)

Тикет на денот (понеделник, 05.05.2025)

Тикет на денот

Иако денес е понеделник, понудата е сосема задоволителна, па веруваме дека добро ќе ја искористиме и дека ќе направиме добитна комбинација. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Џенова – Милан – 0-2 @ 1.92 во Mozzart

Во моментот кога Џенова обезбеди опстанок како да прекинаа да се занимаваат со оваа сезона. Тоа не е толку чудно со оглед дека пред две години играа во Серија Б, но експресно се вратија во елитата. На гости овој пат им оди Милан, но тие најважниот натпревар ќе го играат во финалето од Купот на Италија против Болоња. Во првиот дел од сезоната, овие два ривали изиграа реми без голови, а сега очекуваме исто така неефикасен натпревар. Наш предлог е 0-2 гола со квота 1.92 во Mozzart.

Стеауа – Динамо Букурешт – 1&2+ @ 1.75 во 22Bet

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Во дерби натпревар во романската престолнина се сретнуваат актуелниот шампион Стеауа и Динамо. Домаќините се блиску до одбрана на титулата, а тоа не изгледаше така во првиот дел од сезоната. Пред овој натпревар, Стеауа има четири бода повеќе од првиот пратител Клуж и со победа на овој дуел би заминале на недостижни седум бода. Гостите пак немаат некоја голема потреба за бодови, па овој натпревар делува дека ќе го играат само за престиж. Како и да е, ние овде очекуваме Стеауа да победа и типуваме 1&2+ со квота 1.75 во 22Bet.

Елфсборг – ГАИС – 1 @ 2.02 во Bet365

Елфсборг пред две сезони беше вицешампион, а титулата им побегна само поради послабата гол разлика во однос на Малме. Минатата сезона не успеаа да ги повторат таквите партии и во првенството заврпија дури на 7-та позиција. Во актуелната сезона имаат големи амбиции, но не започнаа според планот и после 6 изиграни натпревари имаат 10 бода. ГАИС пак е на средината на табелата со 7 бода и имаат една победа, еден порази и дури три реми. На овој дуел ние веруваме дека Елфсборг ќе успее да ги земе трите бода, па типуваме 1 со квота 2.02 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.79

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 05.05.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (недела, 04.05.2025)

Уште малку вакви денови се пред нас и се надеваме дека правилно ќе ги искористиме. Ова е н…