
Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген влезе во нова фаза на конфликт со Барселона, откако одби да даде согласност за испраќање на неговиот медицински извештај до Лекарската комисија на Ла Лига. Според шпанските медиуми, тој одбива да го потпише потребниот документ, со што директно ја спречува можноста клубот да искористи 80% од неговата плата за регистрација на нови засилувања.
Овој потег сериозно ги искомплицира финансиските планови на каталонскиот гигант, па раководството веднаш покрена дисциплинска постапка против 32-годишниот голман. Како што се најавува, можно е да следуваат значајни санкции, вклучувајќи и висока парична казна, бидејќи клубот го смета неговото однесување за штетно и деструктивно.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ова е само последниот во низата судири меѓу двете страни. Тер Штеген претходно одби да прифати трансфер, и покрај тоа што според новите планови за сезоната, се наоѓа дури на третото место во голманската хиерархија. Прв избор за новата сезона ќе биде младиот Жоан Гарсија, додека како негова замена пристигна искусниот Војчех Шчесни.
Тер Штеген има активен договор со Барселона до 2028 година, што го прави неговиот статус особено тежок за клубот.
Фото: Принтскрин