Дома Фудбал Тер Штеген во немилост на Лапорта – понижен како никогаш досега

Тер Штеген во немилост на Лапорта – понижен како никогаш досега

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген се соочува со сериозна криза во редовите на Барселона, каде што веќе не е во милост на клупското раководство. Според шпанските медиуми, односите меѓу него и претседателот Жоан Лапорта се целосно нарушени, откако Тер Штеген наводно одбил неколку понуди за трансфер и инсистирал да остане во клубот.

Каталонскиот гигант, во обид да го отстрани од тимот, му ја одзел капитенската лента, што беше јасен сигнал за затегнатите односи. Дополнително, управата на Барселона покренала дисциплинска постапка против германскиот чувар на мрежата, што ја засилува драмата околу неговиот статус во тимот.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Медиумот „RAC1“ објави дека Лапорта дури и не сака повеќе да слушне за Тер Штеген, што укажува на тоа дека разидувањата се сериозни и тешко надминливи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси блеска како во најдобрите денови: Со два гола и асистенција доненсе победа за Интер Мајами (Видео)

Лионел Меси продолжува да блеска во МЛС лигата со нови два гола за Интер Мајами. Интер гос…