
Марко-Андре тер Штеген по седум месеци пауза се враќа во тимот на Барселона, но додека се бори за враќање на статусот како прв голман, сè погласно се зборува за можната зимска промена на клубот.
Иако Жоан Гарсија со своите одлични настапи дополнително ја комплицира неговата позиција, токму статусот на тер Штеген поттикна шпекулации за трансфер.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Германските медиуми истакнуваат дека, доколку не успее брзо да се врати меѓу стативите, може да размисли за заминување уште во јануари. Како најконкретна опција се споменува Интер, кој би сакал да ја зајакне конкуренцијата кај Јан Зомер.
Тер Штеген во Милано гледа можност за стабилна минутажа и посмирен пат кон Светското првенство.