Дома Фудбал Teр Штеген ја губи довербата: Барселона тргнува по еден од најдобрите голмани во светот!

Teр Штеген ја губи довербата: Барселона тргнува по еден од најдобрите голмани во светот!

Барселона ја заврши сезона со триумфално освојување на тројна титула, а раководството на клубот веќе активно планира за наредната сезона.

Јасно е дека се работи за тим кој се оформува и се развива под водство на Ханси Флик, но не е тајна дека екипата ќе се засилува и со нови играчи.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Меѓу можните засилувања, каталонските медиуми сè поактивно пишуваат и за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез (32), чиј трансфер од Бирмингем станува сè поизвесен.

Откако Тер Штеген се повреди, Барса реагираше мудро со ангажманот на Војчех Шчесни, кој пак уште нема одлучено дали ќе го продолжи договорот по враќањето од пензија.

Постојат сомнежи околу формата на Германецот по повредата, па Каталонците сакаат да бидат сигурни во конзистентноста на голот.

Мартинез одлично се покажа во Вила и моментално е еден од најдобрите голмани во светот, а неговите спектакуларни настапи за Аргентина го зголемуваат интересот. Поради тоа, не би било чудно ако одлучи да премине во поамбициозна средина.

Останува да се види како Барселона ќе ја склопи финансиската понуда.. Според Трансфермаркт, Мартинез е проценет на 25.000.000 евра, но е голема веројатноста дека неговата цена ќе биде поголема, земајќи го предвид и цврстиот договор до летото 2029.

Покрај извонредните голмански квалитети, искусниот Аргентинец има и силен темперамент кој често го покажува на неспортски начини, но во служба на победата, а во Барса победниците секогаш се добредојдени.

Фото: FC Barcelona/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вејн Руни има совет за Халанд: Ако продолжиш така – никогаш нема да бидеш како Меси и Роналдо!

Ерлинг Халанд повторно под напад на критики. Брилијантниот напаѓач на Манчестер Сити не ја…