
Неверојатен резултат се случи во денешниот дуел од 2. коло на Мастерсот во Монте Карло. Matteo Berrettini го декласираше 10. играч во светот, Данил Медведев, со 2:0. Русинот не освои ни еден гем.
Нереално е она што му се случува на рускиот тенисер Daniil Medvedev. Денес, во 2. коло на АТП Мастерсот во Монте Карло, беше декласиран од Италијанецот Матео Беретини.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
За само 49 минути сè заврши. Италијанецот ги доби двата сета со 6:0, што е навистина фасцинантно, со оглед на тоа дека Medvedev е 10. играч во светот.
Меѓутоа, Русинот денес не се ‘собра’ со рекетот. Го одигра најлошиот меч во кариерата и првпат во кариерата беше поразен без освоен гем.
Сѐ што направи денес беше две брек шанси во првиот гем на мечот. Останатиот дел од мечот го преспа и на крајот доживеа најголемо понижување во кариерата.
Русинот си замина со наведната глава од теренот, а 90. играч на светот Berrettini вели дека ова можеби беше неговиот најдобар меч во кариерата.
Medvedev definitively still hates playing on clay pic.twitter.com/iklmIxaIkA
— Sam (@LoverLondonGirl) April 8, 2026