Дома Фудбал Англија Teн Хаг им одговори на критичарите кои тврдат дека ќе биде сменет

Teн Хаг им одговори на критичарите кои тврдат дека ќе биде сменет

Поради лошите резултати, Ерик Тен Хаг се соочува со сериозни критики и често се пишува за негова можна смена од кормилото на Манчестер Јунајтед.

Многумина очекуваат следната сезона да не го води тимот, меѓутоа тој се повика на тригодишниот договор и поддршката која како што вели ја има од Сер Џим Ратклиф кој од неодамна стана косопственик на тимот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Секојдневно имам состаноци со Рактлиф и сите лица во управата. Знам добро што правам и верувајте ми. Ние разговараме за иднината на клубот, никогаш тема не е тренерска смена. Мојот договор има важност уште три години и до мене не допираат никакви гласини. Доколку управата смета дека повеќе не треба да сум тренер, тогаш ќе се повлечам и ќе го отстапам местото на следниот што ќе дојде. Комплетната групација на Јунајтед е зад мене и ми дава поддршка“, изјави Тен Хаг.

Иако, Тен Хаг е убеден дека има поддршка, медиумите на Островот пишуваат дека клубот работи и бара негов наследник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез донел нова одлука: Две легенди заминуваат од Реал Мадрид!?

Реал Мадрид веројатно нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Л…