Дома Фудбал Англија Teн Хаг бил шокиран со барањето на фудбалерите по поразот од Фулам

Teн Хаг бил шокиран со барањето на фудбалерите по поразот од Фулам

Манчестер Јунајтед никако не успева да се врати на славните победнички патеки кога овој клуб го водеше Сер Алекс Фергусон, а очигледно проблем се и фудбалерите кои го немаат менталитетот на оние кои во минатото играа на „Олд Трафорд“.

Неколку менаџери по заминувањето на Фергусон не успеаа да го вратат сјајот на клубот и добиваа откази, а сега се мачи Ерик Тен Хаг под чие водство клубот има повремени блесоци, меѓутоа тоа е далеку од она што го очекуваат навивачите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На последниот натпревар во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед беше поразен од Фулам со 1:2 и медиумите на Островот денеска пишуваат дека фудбалерите непријатно го изненадиле холандскиот стратег со барањето по поразот.

Имено, по тој пораз голем дел од фудбалерите побарале слободен дел со цел да одморат од поразот и таквото барање за Тен Хаг звучело шокантно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…