Дома Фудбал Англија Teжок удар за Англија: Се очекуваше да биде еден од најважните, а сега – нема да патува во Русија!

Teжок удар за Англија: Се очекуваше да биде еден од најважните, а сега – нема да патува во Русија!

Eден од фудбалерите кои можеше да има клучна улога во тимот на Герет Саутгејт нема да патува во Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во вчерашниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Рома после само петнаесетина минути игра се повреди фудбалерот на домаќините и репрезентативец на Англија, Алекс Окслејд Чемберлејн!

Според најновите информации од Островот во прашање е потешка повреда. Сезоната за Чемберлејн е завршена, покрај тоа тој не ќе може да и помогне и на својата репрезентација на Мундијалот во Русија.

Наводно, веќе му е соопштено на Саутгејт дека поради повредата Чеберлејн нема да биде спремен за Мундијалот, пренесува „Би-Би-Си“.
Чемберлејн во последните неколку месеци значително ја подигна формата и стана стандарден член во тимот на Ливерпул, а со своите голови и асистенции беше од големо значење за „црвените“ во Лигата на шампионите и Премиер лигата.

Кога стануваше јасно дека би можел да биде еден од клучните играчи на Саутгејт за Мундијалот се случи и повредата поради која не ќе може да настапи на најголемото фудбалско случување.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити пред завршување на трансфер од речиси 100 милиони евра

Манчестер Сити ја зголеми динамиката на преговорите за привлекување на 18-годишниот талент…