Карлос Тевез ги изненади сите кога летото 2009 година потпиша за Манчестер Сити откако претходно две сезони играше во дресот на Манчестер Јунајтед.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Аргентинецот така од еден од милениците на „црвените ѓаволи“ стана непожелен на „Олд Трафорд“. Тевез во Сити помина четири сезони и успеа да стане шампион на Англија. Потоа премина во Јувентус.
Меѓутоа изгледа дека престојот во Сити на Тевез не оставил преголем впечаток. Тевез во неговиот идеален тим не избра ниту еден играч од Манчестер Сити. Од друга страна во тимот има дури седум играчи кои играа со Тевез во Јунајтед.
