Дома Фудбал Останато Карлос Тевез објави крај: Можеби ќе се вратам, но никогаш повеќе во Бока!

Карлос Тевез објави крај: Можеби ќе се вратам, но никогаш повеќе во Бока!

Легендарниот аргентински фудбалер Карлос Тевез (37) објави дека ја напушта Бока.

Искусниот Аргентинец соопшти дека става ја напушта Бока, но ја остави отворена можноста да се врати на фудбалот.

„Денес можам да кажам дека се повлекувам, но за три месеци можеби ќе се разбудам и ќе посакам повторно да играм. Сепак, повеќе не во Бока Јуниорс“.

Објасни зошто нема да го носи дресот на овој тим.

„Ова е еден од најтажните денови во мојот живот, но мислам дека донесов вистинска одлука. Бока е мојот живот и не смеам да бидам просек тука. Ако не можам да дадам 100% тогаш подобро е да се повлечам“, изјави Карлитос.

Тевез не сакаше да ја отфрли можноста дека ќе се врати некаде на друго место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…