Лионел Меси се уште не донел одлука дали на крајот од сезоната ќе го продолжи договорот или ќе ја напушти Барселона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Меси во текот на изминатото лето сакаше да го раскине договорот со каталонскиот клуб поради несогласувања со управата, но на крајот клубот не му дозволи и беше приморан да остане во Барселона.
Но, неговиот договор со Барса истекува на крајот оваа сезона и ако се уште сака да замине клубот нема да може ништо да направи. За својот сонародник сега зборуваше и Карлос Тевез.
„Меси е во години во кои станува свесен дека му останува уште малку квалитетен фудбал, а ако тимот не е доволно добар тогаш тоа за него е многу тешка одлука. Само тој знае што ќе направи во јуни иако јас не можам да го замислам во некој друг дрес. Единствено нешто што му недостасува е Светското првенство и тоа ги боли сите Аргентинеци, но најмногу него“, изјави Тевез.