Дома Фудбал Англија Teжок удар за Англија: Се очекуваше да биде еден од најважните, а сега – нема да патува во Русија!

Teжок удар за Англија: Се очекуваше да биде еден од најважните, а сега – нема да патува во Русија!

0

Eден од фудбалерите кои можеше да има клучна улога во тимот на Герет Саутгејт нема да патува во Русија.

Во вчерашниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Рома после само петнаесетина минути игра се повреди фудбалерот на домаќините и репрезентативец на Англија, Алекс Окслејд Чемберлејн!

Според најновите информации од Островот во прашање е потешка повреда. Сезоната за Чемберлејн е завршена, покрај тоа тој не ќе може да и помогне и на својата репрезентација на Мундијалот во Русија.

Наводно, веќе му е соопштено на Саутгејт дека поради повредата Чеберлејн нема да биде спремен за Мундијалот, пренесува „Би-Би-Си“.
Чемберлејн во последните неколку месеци значително ја подигна формата и стана стандарден член во тимот на Ливерпул, а со своите голови и асистенции беше од големо значење за „црвените“ во Лигата на шампионите и Премиер лигата.


Следете го Sportski.mk и на


Кога стануваше јасно дека би можел да биде еден од клучните играчи на Саутгејт за Мундијалот се случи и повредата поради која не ќе може да настапи на најголемото фудбалско случување.

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трудот во првото полувреме лесно го прокоцкавме, Шпанија однесе победа со +11

Репрезентацијата на Македонија денес го одигра четвртиот натпревар на Светското првенство …