
Ендрик Фелипе Мореира де Соуза денес е едно од најзвучните имиња во светскиот фудбал и голема заложба на Реал Мадрид за иднината, но патот до рефлекторите на „Сантјаго Бернабеу“ беше далеку од бајка.
Таткото на младиот Бразилец, Даглас, во емотивна исповед откри низ какви тешкотии семејството минувало пред Ендрик да стане професионалец.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Како што призна, во 2017 година живееле во исклучително тешки услови, до тој степен што често немало доволно храна дома.
„Имаше денови кога немавме што да јадеме. Еднаш ме праша дали има храна, а јас немав што да му дадам“, раскажа таткото на Ендрик, додавајќи детал што подоцна го промени животот на целото семејство.
Малиот Ендрик тогаш му вети дека ќе стане професионален играч и дека ќе ги реши сите проблеми со кои семејството се соочува. Тоа ветување не остана само детска желба, туку се претвори во животна мисија.
Успехот беше вртоглав. Ендрик заблеска во дресот на Палмеирас, сруши многу рекорди во бразилската лига и многу брзо го привлече вниманието на најголемите европски клубови. На крајот потпиша за Реал Мадрид, кој го доведе како еден од најголемите таленти на својата генерација.