Дома Фудбал Taга во Црна Гора: На 44 години почина поранешниот репрезентативец кој најдобрите денови ги помина во Шпанија

Taга во Црна Гора: На 44 години почина поранешниот репрезентативец кој најдобрите денови ги помина во Шпанија

Црногорските медиуми денес објавија тажни вести затоа што на 44-годишна возраст почина славниот фудбалер Андрија Делибашиќ.

На Делибашиќ пред две години му беше дијагностициран мозочен тумор и тогаш итно беше опериран, а во борбата за живот го поддржуваа и неговите поранешни клубови од Шпанија Реал Сосиедад, Рајо Ваљекано и Мајорка.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


По операцијата се врати на фудбалот и минатото лето стана спортски директор на подгоричка Будуќност, но болеста сега се врати и за жал не успеа да ја победи.

Делибашиќ ќе го паметат Црногорците по магичниот гол за сензационалните 2:2 против Англија и пласманот на репрезентацијата во плејофот за Европското првенство.

Исто така беше стрелец на гол против Грузија за првата победа на Црна Гора на официјални натпревари некогаш, а во сезоната 2003/04 во дресот на Партизан постигна и три гола во Лигата на шампионите, од кои два против Порто кој го водеше Жозе Морињо.

Делибашиќ за време на играчката кариера настапуваше за Партизан, кој го продаде во 2004 година за 4,5 милиони евра на Мајорка, а подоцна настапуваше и за Бенфика, Брага, АЕК, Беира-Мар, Сосиедад, Херкулес, Рајо Ваљекано, тајландскиот Рачабури и Сутјеска од Никшиќ на крајот од кариерата во 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ќе се засили со бек од Холандија!?

Фудбалскиот клуб Барселона сака да ја зголеми конкуренцијата на Жил Кунде, а новата цел е …