Пристигнувањето на новиот тренер Маурицио Сари во Јувентус се чини дека става крај на престојот во клубот на неколку фудбалери. Први кои ќе ги спакуваат куферите се играчот за врска Сами Кедира и напаѓачот Марио Манџукиќ. Италијанските медиуми пренесуваат дека Сари им порачал на споменатите фудбалери дека не влегуваат во неговите планови и слободно можат да си бараат нови клубови. …
