Легендарниот напаѓач на Ливерпул, Рон Јетс почина на 86-годишна возраст. Шкотланѓанецот кој подолг период страдаше од Алцхајмеровата болест починал во својот дом изминатата вечер. Во дресот на Ливерпул славниот дефанзивец одигра 454 натпревари, а во повеќе од 400 натпревари беше и капитен. Повеќе пати капитен Ливерпул од Јетс бил само Стивен Џерард.