Српскиот фудбалер Миодраг Пиваш официјално е нов играч на Њукасл. 19-годишниот Пиваш минатата сезона го носеше дресот на второлигашот Јединство од Уб, а откако им помогна да влезат во првата лига направи трансфер од соништата. Премиерлигашот за неговите услуги платил 800.000 евра, додека Јединство ќе има и 20% од следниот трансфер на младиот Србин.