По Новак Ѓоковиќ, Алехандро Табило го совлада и Карен Хачанов со што обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Рим. Чилеанецот го совлада Хачанов во два сета, односно во два тај-брејка и направи ново изненадување на Мастерсот во Рим. Мечот траеше два часа и 34 минути (7:6, 7:6). Од останатите мечеви отпадна и осмиот носител, десеттиот светски играч Григор Димитров. …