Настапот на актуелната светска шампионка, Ивана Шпановиќ донесе големо разочарување за Србите. Србите очекуваа и медал од Шпановиќ во скок во далечина, но таа не успеа да ги мине ниту квалификациите. Српската атлетичарка скокна 6.51 и тоа беше доволно само за шестата позиција во вкупниот пласман, позиција која не водеше во финалето.