Тимот на Џенова, Горан Пандев повторно остана без тренер откако после поразот од Беневенто за викендот отказ доби Роландо Маран. Претседателот на Џенова потврди дека клубот и Маран се договориле за разделба само неколку месеци откако тој ја превзема Џенова. Клубот се огласи и со официјално соопштение. „Џенова потврдува дека се разделува со тренерот Роландо Маран“, стои во клупското соопштение. …