Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на Трета лига – Север донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири и Ердин Арифи од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот ФК Беса Слупчане – ФК Аеродром, одигран во рамки на 8. коло од Третата лига – Север. …