Дефанзивецот од Сенегал, Фаусин Сенгор, е најновото засилување на Вардар. После Роџерс Мато, „црвено-црните“ потпишаа договор и со сенегалскиот интернационалец Фаустин Сенгор. Тој беше дел од Шкупи во периодот кога Гоце Седлоски го водеше тимот од Чаир. 31-годишниот фудбалер веќе го потпиша договорот со „црвено-црните“ и се приклучи на остатокот од екипата на подготовките во Анталија.