Дома Фудбал Анчелоти: Не ми се допаѓа новиот формат во ЛШ

Анчелоти: Не ми се допаѓа новиот формат во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид и еден од најтрифејните стратези, Карло Анчелоти го критикуваше новиот формат во Лигата на шампиони.

Сумирајќи ги впечатоците по натпреварот со Брест, Анчелоти, рече дека форматот со толку многу натпревари не е добар.

„Не го сакам новиот формат во Лигата на шампионите, има премногу натпревари. Место да се намали бројот на натпревари, се зголемува“, изјави Анчелоти.

„Ние среќни сме и задоволни, штета што не се разбудивме порано во ова натпреварување… Не сакаме да играме против Сити и да повторам, не ми се допаѓа овој формат, има премногу натпревари“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…