Играчите на шпанскиот прволигаш Бетис ќе се истрчаат в сабота во зелено-белите дресови направени од кора од портокали и рециклирани материјали, поттикнувајќи ја борбата против климатските промени додека областа Андалузија се соочува со силна бура. Под мотото “Животот во зеленилото започнува во соседството”, клубот во Севилја го претстави дресот што ќе го носат против Рајо Ваљекано во 25. коло на …