Европскиот првак Магдебург ја потврди својата класа во Битола, каде македонскиот шампион Е. Пелистер и покрај храбрата и мотивирана игра не успеа да приреди сензација… Но, и во ваков меч повторно блесна Никола Митревски. Македонскиот голман уште еднаш ја воодушеви ракометната јавност низ Европа, запишувајќи 11 интервенции, најголем дел од нив беа и актрактивни..