Италијанскиот напаѓач Андреа Белоти ќе го направи првиот трансфер надвор од Италија. Белоти заминува од Комо по една полусезона и неговиот нов клуб ќе биде Бенфика. Додека играше во Торино, „Биковите“ го проценија на 100 милиони евра, но последната сезона неговата кариера е во очигледен пад. Досега Белоти играл за Албинолефе, Палермо, Торино, Рома, Фиорентина и Комо.