Eкс-младинскиот репрезентативец на Македонија, Агрон Руфати продолжува во редовите на Динамо Сити од Албанија. Руфати се раздели со Брера каде што играше минатата сезона, а сега се одлучи да продолжи во Албанија. Во Албанското првенство Динамо стартуваше со два порази, па сега сака да ја зацврсти одбраната со 25-годишниот дефанзивец. Брера беше и единствен клуб за кој играше во Македонија.