Дома Фудбал Италија Џампаоло: Против Торино го видовме најдобриот Милан оваа сезона

Џампаоло: Против Торино го видовме најдобриот Милан оваа сезона

Милан вчера изгуби од Торино со 2:1 и тоа му беше веќе трети пораз во петтото коло од Серија А, но Марко Џампаоло гледа и позитивни работи.

И покрај големата криза на „росонерите“, Џампаоло пронајде начин да биде задоволен изјавувајќи дека ова бил најдобриот натпревар на Милан сезонава.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Го контролиравме натпреварот, но не успеавме да ја завршиме работата на време. За четири минути Торино успеа се да промени. Имавме подоцна шанси повторно да постигнеме гол. Имаше грешки, но ова е најдоброто издание на Милан оваа сезона бидејќи долго доминиравме. Јасно дека поразот како пораз не е добар, меѓутоа имаше добри работи“.

„Тимот напорно работи и кога во таква ситуација нема да има резултат е навистина разочарувачки. Поразот е незаслужен и очигледно го успорува нашиот процес на раст, нашата самодоверба, но како што кажав видов и добри работи, ќе продолжиме да работиме“, порача Џампаоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…