Милан на катастрофален начин ја отвори сезоната и после првите седум кола веќе има три порази.
Италијанските медиуми пренесуваат дека синоќешната победа над Џенова најверојатно нема да му помогне на тренерот Џампаоло да го избегне отказот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан синоќа ја победи Џенова во трилер натпревар, но играше лошо, па раководството не е задоволно од работата на тренерот и од изборот на играчи кои ги прави.
„Скај Спорт“ пренесува дека во следните два дена ќе биде донесена коначна одлука, но во моментов Џампаоло е многу поблиску до отказ, отколку до останување на клупата.
Panchina #Milan, proseguono le valutazioni: Giampaolo mai così a rischio. Gli aggiornamentihttps://t.co/f79EWZuGSd
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) October 6, 2019