Maкедонскиот 16-годишен талент Томa Георгиевски е нов фудбалер на Џеова. Станува збор за офанзивен играч за врска кој подолго време бил следен и од поголемите италијански клубови, меѓу кои бил и Милан. Георгиевски беше дел од ФК Њу Старс, а поради стилот на игра и физиономијата се стекнал со прекар „Новиот Милинковиќ-Савиќ“. Георгиевски веќе настапуваше за младинските селекции на Македонија …